Можеби важи за најубавата и најсексапилната жена на светот, но манекенката Адријана Лима морала за извајаното тело да вложи прилично доста напор.
Колку навистина се тешки нејзините тренинзи, покажа со последната објава на Инстаграм-стори, каде е испотена од глава до пети.
„Ова не е вода, сè е пот“, вели задишано убавата манекенка, додека потта се 'лизга' по нејзиното тело.
Лима често објавува фотографии од својата завидна фигура, па затоа објавите како оваа после тренинг со право привлекуваат доста внимание кај нејзините обожаватели.