Германскиот произведувач на автомобили морал да се извини поради рекламата која е оценета како расистичка и невкусна.
Кога станува збор за расизмот, а посебно кога станува збор за "Volkswagen", тогаш мора да се биде внимателен.
Германскиот произведувач на автомобили, кој често е прозиван поради поданството кон Адолф Хитлер, морал да се извинува поради рекламата која е оценета како расистичка и целосно да ја повлече.
Не е баш јасно што "Volkswagen" сакал да направи со оваа реклама за "Golf". Имено, се гледа рака на бел маж, како турка црнец, а за се да биде уште попровокативно, се се случува пред кафуле со име "Мал колонијалист".
Секако, рекламата веднаш наишла на осуда на социјалните мрежи.
"Volskwagen" се извинил поради рекламата.
"Го разбираме бесот. Без дилема, рекламата е непримерна. Ќе разгледаме како сето ова се случило и ќе има одговорни", било наведено во соопштението од управата на автомобилскиот гигант.