Купувачите на Porsche ќе можат да гледаат како се склопува нивниот автомобил...

Точка

21/05/2020

17:35

2.339

Големина на фонт

а а а

Доколку планирате да купите автомобил на Porsche, веројатно за вас ќе биде интересна оваа вест – отсега ќе можете да го следите „раѓањето“ на вашиот нарачан автомобил и неговиот пат од Цуфенхаузен до вашиот локален продажен салон.

Porsche ја претстави новата Porsche Track Your Dream услуга која им овозможува на купувачите да го следат целиот пат на своите нови автомобили од производниот погон во Германија, па се до крајната дестинација.

Оваа платформа моментално е резервирана за клиентите кои го имаат нарачано моделот 911, а наското ќе пристигне и за Taycan.


Најинтересниот дел од виртуелното патување е Behind the Scenes каде купувачите ќе можат да го следат склопувањето на 911 во Цуфенхаузен благодарение на камерите инсталирани на погонските линии.


Оваа апликација моментално е достапна за купувачите на новите автомобили во САД, Германија, Велика Британија, Канада, Швајцарија и Шпанија, а наскоро ќе бидат вклучени и другите пазари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг