Американскиот кантри музичар, Тревис Мекреди, свирел за публиката која била со маски на лицата на првиот концерт во САД од воведувањето на мерките поради коронавирусот.
Концертот одржан во Арканзас е пример како би можеле да изгледаат концертите во блиска иднина, со мерење температура на влез и социјално дистанцирање.
Посетителите на концертот мора да купуваат карти за седење во мали групи, додека големиот простор со седишта е ограден со трака.
A snapshot of the socially distanced Travis McCready show tonight: pic.twitter.com/OlHJbDzT9K
— Times Record (@TimesRecord) May 19, 2020
„Прекрасно е чувството да правите нешто толку нормално“, рекол еден од посетителите.
Концертот на Мекреди првично бил закажан за 15-ти мај, меѓутоа, бил поместен бидејќи гувернерот на Арканзас не бил уверен во исполнувањето на сите услови за безбедно одржување на концертот, во согласност со здравствените препораки.