Памела Андерсон отсекогаш важеше за секс симбол и жена која што ги освојува сите погледи. Очигледно, до денес ништо не се сменило, освен што таа има 52 години, но и понатаму ужива во својата титула на заводничка.
Имено, Памела на социјалната мрежа Инстаграм поставила фотографија од снимањето и сите ги воодушевила, а на фотографијата лежи во кревет во ноќница и е во многу заводничко издание.
„Секогаш заљубена. Секогаш со скршено срце (во исто време). Среќно-тажна меланхолија“ – напишала Памела покрај фотографијата која што за многу кратко време добила голем број лајкови.
Позитивните коментари на нејзина сметка се ределе еден по друг, а со тоа убавата актерка ги зголемила гласините дека сè уште не можат да ѝ парираат ниту дупло помладите колешки.