Има 5,7 милијарди долари и по донирани 10 милиони, повторно го “одврзал ќесето”: “Њујорк е мојот роден град”

Супермен

22/05/2020

13:42

2.207

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите светски дизајнери, Ралф Лорен, откако донирал 10 милиони долари во борба против пандемијата на коронавирусот, одлучил на хероите кои секојдневно се борат за да ги спасат човечките животи да им подари 1,5 милиони свои парчиња облека.

Подароците ќе се состојат од свечени фустани, одела, дуксери, тренирки, маици, џемпери, фармерки... 

Тие ќе бидат донирани преку добротворни мрежи и преку партнерите на компанијата “Ralph Lauren”, која помеѓу останатото е насочена и на поддршка на онколошките одделенија откако славниот дизајнер се избори со тумор на мозокот.

Компанијата има и свои камиончиња за кафе, “Ralph’s Coffee” од кои вработените на одделите за онкологија можат бесплатно да земаат кафе и пецива, пренесува “ABC News”.

“Њујорк е мојот роден град и град во кој изникна компанијата. Тоа е наш град кој е силно погоден од пандемијата”, напишал Ралф на Инстаграм.

“Со овој мал гест, со длабока благодарност, го препознаваме неуморниот труд на нашите локални здравствени работници”, е наведено на Инстаграм профилот на компанијата која во текот на пандемијата донирала и 250.000 заштитни маски и 25.000 заштитни одела.

81-годишниот Ралф Лорен, роден како Ралф Лифшиц, без никакво школување за моден дизајн, од 1967 година создал 11 модни брендови, отворил повеќе од 1.000 продажни салони, 4 ресторани и основал филантропско здружение.

Со неговото име се потпишани дресовите на 6 олимписки тимови, а покрај сето тоа сè уште креира вратоврски од кои и започнал. Богатството на “Ralph Lauren” е проценето на 5,7 милијарди долари.

Исто така, компанијата “Nike” им донирала 30.000 “Air Zoom Pulse” патики на здравствените работници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk