Поминаа 30 години откако Белгиец испеа песна за Македонка на Евросонг - кој е Филип Лафонтен?

Точка

24/05/2020

23:13

13.251

Големина на фонт

а а а

На денешен ден е роден голем светски музичар кој заслужил секој од нас да знае барем нешто за него. Филип Лафонтен е познато име на светската музичка сцена во франкофонските земји и претежно наградуван музичар во Белгија, Франција и Канада.

На 5-ти мај 1990-та година во Загреб, Филип Лафонтен ја претставуваше Белгија со песната „Мојата Македонка“ (Macédomienne), авторска нумера испеана за неговата сопруга Виолета, од Велес, со која имаат неколку дечиња.

Од целиот музички репертоар на Филип Лафонтен, само оваа песна не е комерцијализирана.

Во неговата биографија стои:

„Песната 'Мојата Македонка' не е комерцијализирана бидејќи таа е отпеана од/со љубов и љубовта нема цена. 500 примероци се подарени на радио и тв-куќите и овој сингл нема да има никогаш комерцијална цел.“

Лафонтен денеска го прославува својот 65-ти роденден, и воедно одбележува јубелејни 30 години од постоењето на „Мојата Македонка“ - песна која своевремено ги освои срцата на евровизиската публика.

Да му се поклониме длабоко на овој музички уметник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг