Заморано: Барселона не може да си го дозволи Лаутаро

Дерби

25/05/2020

11:14

1.167

Големина на фонт

а а а

Чилеанската фудбалска легенда, Иван Заморано смета дека Барселона не може да си го дозволи Лаутаро Мартинез, односно напаѓачот ќе остане во Интер.

Лаутаро во актуелнава сезона даде 18 голови на 33 натпревари и со тоа дополнително го привлече вниманието пред се на Барселона која во него гледа долгорочна замена за Луис Саурез.

Интер има високи барања за него, активирање на откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра, па според Заморано тоа е голем проблем за каталонците кои се соочуваат со економски проблеми. 

-Навистина се надевам дека Лаутаро ќе остане во Интер. Тој е млад човек, има 22 години, Кавани пак е 11 години постар и има огромно искуство во различни клубови. Ама доаѓањето на Кавани нема никаква врска со продажбата на Лаутаро 

-Барселона има економски проблеми кои не дозволуваат да го потпишат Лаутаро, па според мене тој ќе остане, не се сомневам. Кавани може да биде алтернатива за стартерите. Постојат многу гласини- Санчез ќе се врати во Манчестер Јунајтед и Кавани може да го заземе неговото место во офанзивната линија, -вели Заморано кој притоа додава: 

-Гарантирам дека Лаутаро е иднината на Интер. Барселона мора да стави 100 милиони евра на маса што е најмалку што Интер го бара за Лаутаро. На Конте многу му се допаѓа Видал, ама прво тие треба да понудат 100 милиони евра, -заврши Чилеанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг