ПСЖ ја купува ѕвездата на Арсенал, веќе биле започнати и преговори

Дерби

25/05/2020

11:23

1.280

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми пренесуваат дека од редовите на ПСЖ влегле во преговори со претставници од Арсенал за ангажман на нивната прва ѕвезда.

„Светците“ посакуваат да го ангажираат Пјер Емерик Обамејанг кој влезе во последната година од договорот со Арсенал.

Наводно, ПСЖ веќе испратил првична понуда до Арсенал во висина од 34 милиони фунти и истата во моментов се разгледува од англискиот клуб. 

„Топчиите“ нема да го продолжат договорот со Габонецот, па доколку сакаат да заработат на неговото заминување ќе мора да го продадат ова лето. 

Освен францускиот клуб, за Обамејанг постои сериозен интерес и од таборот на Реал Мадрид, а за него се распрашува и Интер кој би го донел играчот како замена за Лаутаро Мартинез. 

Сепак, како што стојат работите прв нога повлекол ПСЖ кој доколку Арсенал се согласи, ќе го обезбеди потписот на одличниот офанзивец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг