Ибрахимовиќ се повреди, го очекува долга пауза

Дерби

25/05/2020

16:21

1.743

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ требаше да биде еден од главните адути на Милан во продолжението на сезоната и во обидот да се обезбеди пласман во европските куповите, но како што стојат работите оваа кампања може веќе да е завршена за искусниот напаѓач.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Златан се повредил на денешниот тренинг и може да се работи за повреда поради која долго може да биде отсутен од терените, па дури и да ја заврши кариерата. 

-Денес Ибра застана за време на тренинг натпревар на крајот на сесијата. По завршувањето тој почувствува нешто во мускулот (листот), оној со кој имаше проблеми меѓу јануари и февруари.

-Постои конкретна можност за истекнување, но и и страв од проблем со ахиловата тетива. Мора да внимаваме на она што го зборуваме, но мора да се каже, -истакна новинарот на Скај Спорт Италија, Пепе Ди Стефано.

Деталните медицински прегледи најдобро ќе кажат каква е ситуацијата, за што точно се работи и колку Ибра ќе мора да биде во „аут“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг