Како бебе бил оставен пред манастир: Поради лузните го нарекувале изрод, но тој станал фудбалска легенда

Супермен

26/05/2020

12:21

5.958

Големина на фонт

а а а

Животната приказна на славниот фудбалер Франк Рибери е идеална за сценарио на некој холивудски блокбастер. Многу славни спортисти имале исклучително тешки животни приказни, но приказната на Рибери успеа да растажи многумина...

Имено, одличниот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители – тој како бебе бил оставен пред вратата на еден манастир во Франција. Имал само 2 години кога доживеал страшна сообраќајна несреќа и се здобил со лузна која му го одбележала целиот живот. На лицето имал дури 100 шавови, а раната изгледала морничаво. 


Бил отфрлен, исмеван и понижуван поради таа лузна, но тоа го направило посилен и ја зголемило неговата издржливост.

“Тоа ми даде карактер и сила бидејќи кога си дете и имаш таква лузна не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментарите... Страдав поради тоа. Луѓето велеа ‘погледнете како изгледа неговото лице, погледнете ја неговата глава, грд е, одвратен е’. Каде и да одев, луѓето зјапаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер – тие ме гледаа поради лузната”.


Децата знаат да бидат многу сурови. Го нарекувале изрод, Квазимодо, Скарфејс, Франкенштајн... Рибери се бранел како знаел и умеел, понекогаш и со тупаници. Му било тешко, но смета дека тоа искуство го направило човек.

“Ми беше тешко. На училиште ме исмеваа, зборуваа за мене... Но, иако ме задеваа, никогаш не се повлеков и заплакав. Никогаш, баш никогаш, но патев. Тоа ме мачеше многу, но бесот го насочив кон играњето фудбал. Без тие лузни би бил нормално дете, а поради нив сега имам исклучителен карактер и волја. Кога ќе се сетам на сè, горд сум на она низ кое поминав. Не беше тешко, но затоа денес го сакам моето лице и мојот живот”, изјавил поранешниот фудбалер на Баерн Минхен.

Францускиот напаѓач направил фантастична кариера и покрај тешкото детство. Во текот на растењето често правел проблеми, но сè се променило кога ја запознал сопругата Вахиба Белхами, поради која ја променил верата и преминал во ислам.

За обичниот навивач, Рибери е доказ дека обичниот мал човек може да стане еден од најдобрите на светот. Тој станал херој на нацијата, меѓутоа таквата идила не траела долго. Поради лошите игри во репрезентацијата, фудбалерот се нашол на мета на навивачите и од херој станал лошо момче...


“2010 година беше грозна за мене. Нема ни да ги споменувам повредите со кои се соочував. И во приватниот и во фудбалскиот живот тргнав по погрешен пат. Се изгубив себеси и повредив блиски луѓе. Разочарав многумина, дури и шокирав и сакам да се извинам поради тоа”, велел Франк.

Поради повреда, во 2014 година го пропушти Светското првенство во Бразил и тогаш се збогува од репрезентацијата.

Во изборот на списанието “France Football”, Франк Рибери беше прогласен за најдобар фудбалер на Франција во 2013 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk