Холивуд се опушти после короната: Том Хенкс наместо маска користи моден детаљ, Рамацоти јава коњи, Бриџит на прошетка со ќерка си...

Точка

26/05/2020

15:34

4.575

Големина на фонт

а а а

Бриџит Нилсен (56) покажа дека може да се ужива и во 'подоцнежно мајчинство'. Данската актерка, која ќерката ја добила во 54-та година, фотографирана е додека шетала низ улиците во Лос Анџелес.

Бриџит својата наследничка ја шетала во количка, додека друштво ѝ правел нејзиниот сопруг Матија Деси. Таа била лежерно облечена - косата ја собрала во пунџа, со капа на главата, без грам шминка и во бела тренирка, исто како и Матија, кој носел тренирки. Инаку, откако коронавирусот малку 'попушти', актерката речиси секојдневно е активна и редовно излегува на прошетна и во парк.


Ерос Рамацоти (56) убавото време го искористил за да го прави она што најмногу го сака - јавање коњи. Италијанскиот пејач целиот ден го поминал со неговите омилени животни.


Том Хенкс (63) и понатаму е внимателен, па домот не го напушта без добро и темелно маскирање. Холивудскиот актер е фотографиран додека возел автомобил со марама на лицето.


Друштво во автомобилот му правела сопругата Рита Вилсон (63), која била многу поопуштена од него и не носела маска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг