Понуда за работа од соништата? Фирмата го плаќа станот, дава автомобил, телефон и плата од 2.000 евра

Супермен

27/05/2020

16:46

7.225

Големина на фонт

а а а

Во текот на овие денови, кога светот се бори со коронавирусот, сведоци сме дека тешко е да се пронајде добра понуда за работа.

Сепак, некои професии отсекогаш биле добро платени и ценети, а една од нив е градежен инженер. Како што пренесуваат од „Poslovni dnevnik“, Bubanj-Niskogradnja е организација со ограничена одговорност, специјализирана за изградба на водоводи за електрична струја и телекомуникации.

Тие моментално бараат личност за наведената позиција – градежен инженер, за работа во подрачјето на Загреб и околината.

За тоа работно место нудат плата од околу 2.000 евра, службена кола, телефон, а работодавачот плаќа и стан доколку потенцијалниот кандидат не е од хрватската престолнина.


Кандидатите мора да имаат положено стручен испит и најмалку 5 години работно искуство, од кое барем три години во областа на градењето канализации, колектори, јавни канали. Исто така мора да имаат возачка дозвола, Б категорија.

Рокот за пријавување на кандидатите трае до 19-ти јуни 2020-та година.

Како што велат оттаму, нововработената личност ќе биде задолжена за водач на градилиште, потребната документација (градежен дневник, градежни книги), подготовка за привремени ситуации, подготовка на објекти и документација за технички преглед, организација на луѓето и механизација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk