Тајсон се врати во рингот, но поради неочекуваниот кикс стана предмет на потсмев

Супермен

28/05/2020

10:12

16.583

Големина на фонт

а а а

Мајк Тајсон се припрема за враќање во боксерскиот ринг веќе со месеци, барем во хуманитарни цели, а до тој момент за вежбање ќе послужи и кечерскиот ринг.

Некогаш најопасниот човек на планетата се појавил со своите пријатели, пензионираните ММА прваци Хенри Сехудо и Витор Белфорт, на кечерскиот настан “AEW” (All Elite Wrestling) во Џексонвил. 

Тој во рингот вербално се пресметал со кечерската легенда Крис Џерико, но дефинитивно најголемо внимание привлекла борбата на Тајсон со сопствената маица.

Имено, кога Џерико театрално му понудил прилика да се извини, челичниот Мајк започнал да ја кине маицата од себе, но во еден момент “заглавил” и не можел понатаму. Тоа траело неколку секунди, а видеото предизвика смеа на социјалните мрежи особено бидејќи во последните неколку недели ги гледавме неверојатно силните удари на Тајсон на боксерските тренинзи и движењето во рингот како да има 30, а не речиси 54 години.

Во рингот настанал и тотален хаос и многумина морале да го задржуваат и едниот и другиот да не се пресметаат и физички. Секако, сето тоа било само глума...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk