‘‘Градот на духовите’’ продаден за 7 милиони долари: Напуштен бил пред 38 години, а уличните светилки сè уште работат

Супермен

28/05/2020

14:45

3.849

Големина на фонт

а а а

Китсолт е градот којшто е напуштен уште од далечната 1982 година, но таму тревниците и понатаму се уредно искосени, а уличните светилки сè уште работат.

Овој град станал ‘град на духови’ поради разните економски кризи, па дури и катастрофи, природни или пак оние предизвикани од страна на човекот.

Тоа што е карактеристично за таквите места е тоа што тие воглавно се напуштени, валкани, разрушени, но тоа не е случај со Китсолт.

Градот е сместен близу границата на Алјаска и Канада, а насланал во 1979-та година како рударски град за молибден – минерал кој што се користи во многу легури.

За само три години доселениците кои што работеле во рудниците изградиле над 100 куќи, трговски центар, библиотека, болница, ресторани.


Меѓутоа, наскоро сè било напуштено. Имено, откако рудникот бил затворен, Китсолт останал без луѓе.

Денес градот му припаѓа на американскиот претприемач Кришнан Сунтатиран кој што во 2005-та година го откупил за седум милиони долари.

Оттогаш тој вложил над 25 милиони долари за одржување на градот во кој планира да ја обнови и индустријата со природниот гас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk