Ливерпул се откажал од Вернер, но запнал за „ѕверот“ од Премиер лигата

Дерби

28/05/2020

14:27

2.242

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Ливерпул ја одбиле можноста да го ангажираат фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер.

„Црвените“ долго време се поврзуваа со ангажман на одличниот напаѓач, меѓутоа нема да се согласат да ја платат неговата откупна клаузула од 50 милиони фунти.

Од таборот на англискиот клуб сметале дека во овие моменти во услови на финансиска криза, Вернер би чинел не повеќе од 30 милиони фунти.

Од друга страна, од веројатно новиот англиски шампион, покажале сериозен интерес за крилниот фудбалер на Вулверхемптон, Адама Траоре.

Траоре го привлече вниманието со своите монструозни партии во Премиер лигата оваа сезона, а токму Ливерпул подолго време се интересирал за неговите услуги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг