Родалега: Да знаете колкупати сум го видел Руни да пие како лудак и Џерард како…

Дерби

28/05/2020

14:29

2.973

Големина на фонт

а а а

Некогашниот напаѓач на Виган и Фулам и сегашен член на турски Денизлиспор, Уго Родалега отворено проговори за животот на играчите надвор од зелениот терен.

Искусниот Колумбиец посочи дека најголемиот дел од фудбалерите сакаат да пијат и да се забавуваат, а во својот разговор со сонародникот Јохан Аранго посебно издвои две добро познати имиња-Вејн Руни и Стивен Џерард.

- Ако луѓето знаеја колкупати го сретнував Руни како пие како лудак во Манчестер и го видов Џерард како танцува без кошула во бар. Тие се човечки суштества, нема ништо лошо во тоа. На една рака можам да избројам фудбалери кои не пијат.

- Тие, ние, излегуваме и пиеме. Отсекогаш сум го велел тоа. Уживам да пијам и танцувам. Сакам да танцувам салса. Нема ништо лошо во тоа. Знам дека сме фудбалери, но и ние сме човечки суштества, - вели Родалега кој шест години играше во Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг