Судбината на кино салите на ‘‘тест’’: Прв на големото платно се враќа Расел Кроу

Точка

28/05/2020

15:20

2.024

Големина на фонт

а а а

Филмот за расправиите во сообраќајот „Unhinged“, во кој главната улога ја толкува Расел Кроу, ќе биде првиот кој што ќе се прикаже на големото платно, откако кината ширум светот беа затворени. Премиерата треба да биде одржана на 1-ви јули во САД.

Авторите на филмот сметаат дека неговото прикажување ќе биде показател како работите во иднина ќе течат во филмската индустрија која што поради пандемијата коронавирус доживеа голема штета.

Не пропуштајте: Актерите повеќе не сакаат да се бакнуваат со своите колеги, а се укинуваат и љубовните сцени: Како во иднина ќе изгледа снимањето во Холивуд?

Марк Гил, претседател на компанијата „Solstice Studios“, во чија продукција е снимен „Unhinged“, вели дека е охрабрен од анкетите од чии резултати се гледа дека луѓето се желни повторно да почнат да одат во кината. Исто така тој додал дека новиот филм ширум светот привлекува големо внимание, затоа што дава надеж.

„Ќе ги почитуваме сите мерки, а доколку подоцна надлежните одлучат дека кината треба повторно да бидат затворени, ќе ја поддржиме таа одлука“ – изјавил Гил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг