Ирина Шајк во проѕирна долна облека – мажите воздивнуваат, а комплиментите се нижат

Супермен

28/05/2020

16:40

4.476

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк е една од најубавите жени на светот, а нејзината специфична убавина и совршена фигура на тело ѝ обезбедија статус на најдобрата манекенка на денешницата.

Досега, повеќепати сме биле сведоци дека таа навистина е атрактивна, бидејќи неретко таа знае да ја истакне својата фигура на фотографиите кои што ги поставува на социјалните мрежи, овојпат тоа повторно решила да го направи.

Популарната Русинка неодамна на Инстаграм поставила фотографија на која што позира во долна облека, и тоа полупроѕирна.

Таа изгледа навистина сензационално, а ставила акцент на своите долги и витки нозе и извајаниот стомак.

Заводлива поза, елегантна шминка и ‘мокра’ фризура – дополнително ја истакнале убавината на 34-годишната манекенка.

Да ве потсетиме, Ирина неодамна била забележана во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Бредли Купер во Њујорк, заедно со нивната ќерка Леа.

Имено, парот истакнал дека заедничкото родителство им е приоритет во животот и дека поради тоа останале добри пријатели и по разводот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk