Д’Aмико: Ако Меси си замине од Барселона, ќе дојде да игра за нас

Дерби

28/05/2020

19:51

2.535

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси е се поблиску до крајот на својот актуелен договор со Барселона кој му завршува во 2021 година, па се почество во јавноста има одредени информации за неговата иднина и можноста да си замине од „Камп Ноу“.

Засега Аргентинецот не изразил желба да си замине, среќен е во клубот во кој е со години, меѓутоа кога е ситуацијата е е ваква со договорот сите опции се на маса, па дел од клубовите се надеваат дека можат да го добијат неговиот потпис.

Еден од нив е Њуелс Олд Бојс од Аргентина, тим за кој Лео има играно како дете и во минатото има изјавено дека би сакал да се врати и таму ја заврши кариерата. Меѓутоа од таа негова изјава има поминато години, неговото семејство е проширано и прашање е дали Аргентина е безбедна околу со која би можел да живее со неговите деца. 

Меѓутоа од Њуелс Олд Бојс се надеваат, веруваат дека ако Меси се одличи да си замине од Барселона, тогаш сигурно ќе премине кај нив. 

-Меси ќе дојде во Њуелс Олд Бојс ако си замине од Барселона. Немам контакт со него, не сакам да го вознемирувам, -истакна потпретседателот на аргентинскиот прволигаш, Кристијан Дамико кој побара помош од АФА (Аргентинска фудбалска федерација), поточно од првиот човек Клаудио Тапија. 

-Тој може да ни помогне, тој е многу близок со него, -рече Д’Aмико.



Спонзорирани линкови

Маркетинг