Седењето е болест која го уништува целото тело: ‘Рбетот се витка, депресијата расте, организмот слабее

Точка

29/05/2020

10:20

2.663

Големина на фонт

а а а

Седечкиот начин на живот полека го уништува нашето тело. Човековото тело е првобитно создадено за исправена положба. Локомоторниот систем (коските, мускулите и зглобовите) е дизајниран за да обезбеди постојана активност: лов, грижа за животните, домашни обврски, земјоделство, движење, движење, движење...

Луѓето морале да си ги обезбедат основните услови за живот, а телото им помагало во тоа. ‘Рбетот во нормални услови потсетува на буквата Ѕ, додека по седењето поприма облик на буквата С. Личноста започнува да се згрбавува, витка и го губи нормалниот начин на држење. 

Ова се неколку опасни факти за седењето:

Седењето предизвикува развој на многу болести

Канцелариските работници и оние кои долго време седат имаат зголемен ризик од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Кај оние кои седат 11 часа и повеќе, ризикот од нагла смртност е зголемена за 40 отсто.


Овие луѓе се склони кон дебелеење, остеопороза, хронични болести, висок крвен притисок итн. Жените страдаат од тромбоза, а мажите од болести на простатата.

Удобните столчиња не го решаваат проблемот

Поединечни компании имаат столчиња кои совршено го поддржуваат ‘рбетот, па дури имаат и масажери за грбот. Но, лекарите сметаат дека овие столчиња не го решаваат проблемот со седењето – дури и најудобната столица го оштетува крвотокот и го уништува ‘рбетот.

Седењето е полошо од физичката неактивност

Само седењето е многу полошо од тоа долго да стоите или да лежите. Ако личноста само стои, мускулите и понатаму работат бидејќи телото е во исправена положба. Стоејќи согорувате 3 пати повеќе калории отколку седејќи.


Седењето го зголемува стресот

Седењето предизвикува стрес. Кога седите се лачи кортизол кој предизвикува депресија и дебелеење. Тоа е маѓепсан круг: кога седите, вие произведувате кортизол поради кој повеќе јадете и станувате депресивни.

Седењето е само навика

Добрата работа е што секоја навика може да се промени. Штом телото ќе започне да се движи, се формира навика за движење. Потребни се околу 3 недели за мозокот да се прилагоди на новата вештина на движење. За тоа време доаѓа до промена на реакциите и се лекува целото тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг