Французите можеби и избрзаа и први од петте фудбалски лиги ја прекинаа сезоната. Француската Лига 1 не продолжи по завршувањето на пандемијата и титулата отиде во рацете на Пари Сен Жермен.
По две недели, француското министерство за спорт соопшти дека клубовите сепак можат да се вратат на своите тренинзи од 2 јуни и дека спортот ќе продолжи од средината на истиот месец.
Првично соопштија дека нема да има фудбал до средината на август, што беше голема грешка. Лига 1 беше прекината и завршена и клубовите вкупно изгубија околу 250 милиони евра поради тоа. Сега е јасно дека Лига 1 можела да продолжи и да се заврши и дека прекинот беше голема грешка, со оглед на фактот дека сите останати лиги продолжуваат.
Поради тоа, францускиот угледен спортски медиум “Л’Eкип” ги стави петте најголеми лиги на својата насловна страница, сите штиклирани за продолжување освен француската, а насловот гласи – “како идиоти?”.
Tomorrow’s L’Équipe: “Like Idiots?” pic.twitter.com/1SJljKF2ZH
— Get French Football News (@GFFN) May 28, 2020
Шпанската Ла Лига продолжува на 12 јуни, италијанската Серија А на 20 јуни, како и Премиер лигата, додека Бундеслигата веќе се игра. Дали Французите направија голема грешка?