Актерот изгледа сè полошо: Под маската и бизарната облека се крие маж по кој жените полудуваа

Супермен

29/05/2020

22:22

10.214

Големина на фонт

а а а

Со секое свое појавување во јавноста, Мики Рурк шокира со својот изглед, а бројни негови обожаватели се сложуваат дека тој изгледа сè полошо.

Актерот поради пандемијата на коронавирусот морал да замине од Латвија, каде снимал нов филм, а откако се вратил во Лос Анџелес за првпат се појавил во јавноста. Рурк во друштво на својот асистент прошетал низ Беверли Хилс, но и покрај обидот за камуфлажа папараците веднаш го воочиле.  


Неговиот изглед е резултат на бројните пластични операции за кои многумина сметаат дека навистина не му биле потребни, а неговото лице е целосно деформирано.


Поранешниот боксер и ѕвездата на филмовите “9 ½ Weeks” и “The Wrestler” воопшто не се грижи за тоа, а неколку пати и напоменал дека не му смета што се зборува за него. Свесен е дека физичкиот изглед му е уништен поради лошите одлуки од минатото, но вели дека животот продолжува понатаму.


 Рурк беше во врска со бројни ѕвезди и двапати во брак. Со Дебра Феуер се ожени во 1981 година, а парот беше во брак до 1989 година. Со колешката Каре Отис се венчаше во 1992 година, но нивниот брак од самиот почеток беше полн со скандали. Актерот дури и беше уапсен поради обвинение за семејно насилство, но подоцна таквото обвинение беше отфрлено. Од 2009 до 2015 година, Рурк беше во врска со руската манекенка Анастасија Макаренко.


Во текот на кариерата често беше вмешан и во политиката. Мики Рурк е огромен љубител на животни и обожува кучиња, а поради тоа е дел од бројни организации за заштита на животните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk