Ѓоковиќ: „Ќе продолжам да ја сакам Србија и својот народ, иако поради тоа понекогаш имам препреки“

Точка

29/05/2020

14:55

2.434

Големина на фонт

а а а

Да ве потсетиме, српскиот тенисер во петокот добил повелба за промовирање на Срвија и српскиот народ во светот.

Ѓоковиќ изјавил дека секој ден се труди да го застапува правото на животните вредности и доблести кои што длабоко се вкоренети не само во неговото семејство, туку и кај целиот српски народ, а тоа се – пожртвуваност, почит, великодушност и еднаквост.

„Како што сите ја сакате со цело ваше срце вашата земја и се трудите во светот да ги промовирате културата и традицијата на истата, и вашата нација, на најдобар можен начин, така и јас ја сакам и почитувам својата земја и свесен сум за предизвиците и препреките кои што понекогаш ми стојат на патот поради тоа“ – изјавил Ѓоковиќ во обраќањето во Министерството за надворешни работи, меѓу кои присуствувале и амбасадори од светските земји.


Тој, како што вели свесен е за одговорноста и должностите кои што ги има кон својата земја, за себе и за своето семејство – да се претстави во најдобро можно светло секогаш.

„Ќе продолжам да ја сакам Србија и својот народ. Ќе продолжам да ги почитувам и уважувам сите останати народи во светот, затоа што верувам кога се делува на таков начин и со такви емоции, дека непогрешливо се прави правилната работа“ – заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг