"Велите дека Џордан и Леброн се најголеми? Па тоа е богохулие"

Точка

29/05/2020

15:16

4.852

Големина на фонт

а а а

Поранешниот НБА кошаркар Клајд Дрекслер има свое мислење кога станува збор за титулата најдобар играч на сите времиња.

Прашањето за "GOAT" или "Greatest of all time", дополнително го освежила документарната серија за Мајкл Џордан, која се прикажувала до пред десетина дена. 

Дрекслер, кој настапувал за Портланд во 1992-ра година во поразот од Чикаго Булс во финалето, зборувал токму на таа тема.

"Имам големи проблеми со таа расправа, дека таа се води меѓу двајца играчи, а ги имаме и Вилт Чембрлен и Карим Абудл Џабар, без кои таа дебата не може ни да почне".

Тој споменал и уште некои легендарни играчи.

"Сите тие се во расправата и не ми се верува дека таа се сведува на двајца. Ги сакам Мајкл и Леброн, но ајде да не одземаме ништо од останатите великани. Како може некој да каже дека е подобар од нив. Па тоа е богохулие во најмала рака. И тоа го прават луѓе кои никогаш не играле кошарка. Еден човек не може ништо. Мразам кога луѓето се однесуваат како тоа да е индивидуално натпреварување", додал Дрекслер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг