Роналдо и Меси во сенка – овој спортист е на врвот на листата на „Forbs“ за најплатени спортисти на планетата

Супермен

29/05/2020

17:47

5.007

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е најплатениот машки спортист во светот и едниствениот тенисер меѓу 10-те најплатени спортисти.

Четвртиот најдобар тенисер на светот, годишно заработува по 106 милиони долари, а го следат Кристијано Роналдо со 105 милиони и Лионел Меси со 104 милиони.

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар е на четвртото место со 95 милиони, потоа следи тројката од НБА, Леброн, Бурант и Кари.

Меѓу 10-те најплатени спортисти во светот се и голф играчот Тајгер Вудс и двајцата рагбисти, Кирк Казанис и Карсон Венц.

Како што може да забележите на фотографијата, Федерер од турнирот заработил 6 милиони, додека пак 100 милиони добил од спонзорства.


Најголема плата има Лионел Меси со 72 милиони, додека пак Нејмар има 2 милиони помалку.

Португалецот Кристијано Роналдо е поуспешен што се однесува до спонзорите, поради што се наоѓа на второто место на листата.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на 23-то место на листата на „Forbs“. Тој од спонзори заработил 32 милиони, а од наградниот фонд од турнирот му припаднале 12 милиони, вкупната вредност е 44 милиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk