Израел размислува за повторно воведување на рестриктивни мерки

Макфакс

30/05/2020

19:47

1.483

Големина на фонт

а а а

Израел повторно би можел да воведе рестриктивни мерки бидејќи е пораснат бројот на заразени со коронавирусот, особено во училиштата, соопшти израелското Министерство за здравство.

Вчера биле регистрирани 101 случај на новозаразени, а минатата сабота само четири.

Генералниот директор во Министерството за здравство Моше Бар-Симан-Тов изјави дека некои луѓе не биле доволно внимателни во врска со физичкото растојание, хигиената и носењето заштитни маски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг