Трамп бесен: „Демонстрантите да не се осмелат да влезат во Белата куќа!“

Точка

30/05/2020

23:01

5.841

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека демонстрантите кои протестираат поради смртта на Афроамериканецот за време на полициското приведување, би можеле да бидат дочекани со 'најлутите кучиња и најопасното оружје кои некогаш сум ги видел', ако ја преминат оградата на Белата куќа.

Трамп објави серија твитови во кои, како што изгледа, ги повикал приврзаниците вечерва да се соберат пред Белата куќа.

„Сфаќам дека вечерва е МАГА ноќ во Белата куќа“, напишал Трамп, пренесува „Ројтерс“ со објаснување дека МАГА претставува слоган од 'Make America Great Again' (да ја направиме Америка повторно голема).


За време на протестот поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако бел полицаец му 'седеше' на вратот, Белата куќа накратко била под блокада, опкружена со демонстранти кои извикувале 'Нема мир без правда', а ситуацијата била на раб на конфликт кога припадниците на полицијата му се заканиле со солзавец на едно момче.

Протестите избиле ширум САД, а покрај првичните демонстрации на гневните граѓани во Минеаполис, во државата Минесота, каде во петокот била распоредена Националната гарда и била воведена привремена вонредна состојба со полициски час, илјадници луѓе излегле на улиците и во Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Вашингтон, Атланта, Денвер, Њујорк...




Спонзорирани линкови

Маркетинг