Гигантот оди чекор понапред – ги менува новинарите со вештачка интелигенција

Супермен

01/06/2020

10:07

1.664

Големина на фонт

а а а

Над 10-на професионалци кои што работат на веб-страници за компаниите, ќе останат без работа.

Моментално, за изборот на статиите и фотографиите на медиумите, како и за креирање на страницата MSN, задолжени се новинарите,  но наскоро тоа би можело да се промени, пренесуваат од Би-би-си.

Имено, американскиот гигант планира да ги замени со вештачка интелигенција, односно, со автоматска платформа која што ќе ја преземе нивната работа. Како што наведуваат 'таа промена е во состав со еволуцијата на работењето'.

„Како и останатите, редовно еволуираме во нашата работа. Тоа може да се однесува на инвестирањето во некои области, и повремено на прегрупирање во некои од останатите сегменти. Конкретно оваа одлука, донесена е поради пандемијата“ - се наведува во соопштението.


„Microsoft“, како и останатите технолошки компании им плаќа на медиумите да ги користат нивните содржини, но работата на новинарите е да одлучуваат кои статии да се објават на интернет страниците.

Станува збор за професионалци кои што работат хонорарно, а речиси 50 од нив наскоро ќе го раскинат договорот.

Некој од новинарите незадоволно изјавил: „Замислата е да не заменат со машини, а тоа е деморализирачки“.

Останатите навеле дека вештачката интелигенција не може да ги знае конкретните правила за уредување на текстовите, па така на веб-страницата би можеле да се објавуваат и некои несоодветни текстови. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk