Ѕвездата на серијата „Silicon Valley“, Томас Мидлдич се разведува од сопругата Моли Гејтс - половина година откако откри дека 'свингерството им го спасило бракот'.
Костимографката Моли навела 'големи разлики' додека барала развод од бракот на 28-ми мај, откако парот се разделил на 22-ри мај. Парот нема заеднички деца.
„Сè уште им е грижа еден за друг и ќе продолжат како пријатели“, рекол извор за „People“.
Нивниот развод следува откако пред половина година 38-годишниот актер открил детали за нивниот сексуален живот.
„Да бидам искрен, свингерството нѝ го спаси бракот“, рекол тогаш, меѓу останатото, за „Playboy“.
Актерот една недела подоцна признал дека било грешка тоа што признал јавно.
Парот се верел во јуни, 2015-та година, а се венчал два месеци подоцна.
Канадскиот актер е најпознат по улогата во серијата на HBO „Silicon Valley“, која минатата година заврши после шест сезони.