Со голо торзо и тетоважи: За неговата појава на протестите во САД луѓето не престануваат да зборуваат...

Точка

02/06/2020

21:48

15.753

Големина на фонт

а а а

Џереми Микс бил фотографиран на протестите во Лос Анџелес за кои што се огласи и на социјалните мрежи.

Џереми Микс е познат и под епитетот 'најсексапилниот затвореник на светот', а тој одлучил да излезе на протестите кои што се случуваат во САД поради бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.


36-годишниот Џереми во текот на викендот марширал по улиците на Лос Анџелес, а неговата појава малкумина не ја забележале со оглед на тоа што се појавил со голо торзо, го покажал мускулестото тело и тетоважите.


Лицето го покрил со марама, а раката постојано ја држел крената во воздух во знак на протест..

Тој на социјалната мрежа Инстаграм поставил и снимка во која што луѓето изговараат:

„Нема правда, нема мир. До тука стигнавме. Да се прогони или пак да се трпи гневот. На луѓето им е доста, ова е ваша вина“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг