''Проклета фотографија'': Доколку поседувате Android телефон тогаш не ви препорачуваме да ја поставувате на вашиот екран – еве и зошто

Супермен

02/06/2020

09:10

4.305

Големина на фонт

а а а

Едно од решенијата за корисниците на Андроид 10 системот и постарите е тоа да го покренат телефонот во т.н. Safe Mode и да ги променат фотографиите на екранот, па да го заклучат телефонот на тој начин.

Корисниците на Android 10 и постарите оперативни системи не смеат да ја користат оваа фотографија како позадина на почетен или пак на екранот кој што го заклучуваат. објавиле од сајтот „Phone Arena“.

Со нејзиното користење се предизвикува спонтано рестартирање на уредот, кое што се одвива до недоглед затоа што телефонот не успева да се покрене, но при вчитување на корисничкиот интерфејс повторно доаѓа до рестартирање.

Пред сè, поради некоја причина оваа фотографиј во последните денови на месец мај била многу популарна, а се претпоставува дека многу од корисниците ја презеле за потоа да се соочат со проблем.

Според истиот извор, не постои прецизно објаснување зошто фотографијата предизвикува таков крах во округо на корисниците на Android телефоните, но се верува дека е поради приказот на нејзините бои кои што многу од телефоните не го поддржуваат.

Исто така решението на проблемот се гледа во вчитувањето на фотографијата во програмата за обработка на фотографии и правење фотографии во дурги режими на боја, т.н. колор профил, по што не би требало да дојде до ваков проблем, пренесуваат од „Moba&IT“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk