Холивудските ѕвезди ги следат многубројни скандали, па поради тоа некои од нив биле уловени во афери.
Најпознат пример од славните личности е британскиот актер Хју Грант. Тој бил уловен во текот на 90-те години со Дивајн Браун и веднаш ја признал вината.
Добил симболична парична казна и две години условна затворска казна.
„Мислам дека знаете во животот што е добро, а што лошо. Епа јас направив лоша работа и тоа е тоа“ - изјавил тој набрзо по скандалот.
Актерот Чарли Шин имал проблеми со дрога, па поради тоа го исфрлиле и од популарната серија „Два и пол мажи“. На почеток на 90-те години полицијата открила илегален бизнис со проституција на холивудската мадам Хајди Флајс, а кај неа биле пронајдени чекови од Шин.
Шин и понатаму плаќал интимни услуги на пријателките, а во текот на 2011-та година американските медиуми откриле дека на ''дивиот'' викенд тој на девојки потрошил 25.000 американски долари.
Неговите забави го чинеле и по здравјето, а во 2017-та година открил дека е ХИВ позитивен.
Медиумите во текот на 2007-та година тврделе дека раперката Ив изнајмила проститутка додека престојувала во Мајами. Меѓутоа таа тоа го демантирала.
„Прво, мислам дека тоа е пресмешно. Второ, доколку сакам да имам односи со некој, тогаш сигурно не би изнајмила проститутка“ - истакнала таа.
Комичарот Еди Марфи бил ''уловен'' со трансродна проститутка во текот на 1997-та година. За полицијата изјавил дека му изгледала дека ѝ е тешко кога ја сретнал, па ѝ понудил превоз.
„Не направив ништо погрешно. Сакав да бидам добар и ете што се случи“ - изјавил тој.