Се пензионирал на 35 години како милионер: Ова се неговите 5 совети за сите кои што сакаат да заштедат пари

Супермен

02/06/2020

12:12

6.268

Големина на фонт

а а а

Во 2016-та година, кога собрал речиси 1 милион долари, Стив дал отказ во една софтверска фирма.

Пред четири години, Стив Едкок ја напуштил работата кога сфатил дека заштедил доволно пари за да може да се пензионира. Тогаш имал 35 години, набрзо се пензионирала и неговата сопруга Кортни.

Ја немаат сите таа привилегија, но според неговите зборови таа не е недостижна, само треба да се знае како да се направи тоа.

Стив со светот ги сподели 5-те базни принципи според кои секој треба да живее:

1. Првата цел е финансиска независност

Тоа нема многу голема врска со парите. Има врска со желбата оваа идеја да ви стане приоритет.

2. Активно унапредување на вашата заработка

Тој вели дека иако на работа доволно заработувал, тој секогаш барал начин да оствари дополнитени приходи.


3. Инвестирање пари

Тој вели дека заедно со неговата сопруга почнале да вложуваат во недвижнини, историски објекти, купување акции. Идејата е многу едноставна: нешто купуваш по добра цена, а на истото тоа цената му расте во текот на годините.

4. Секогаш треба да знаете за што ги трошите парите

Секој денар е важен, особено доколку сте го сочувале за сметки и долгови. Бележење на трошоците е едноставна работа која што секоја личност треба да ја прави еднаш месечно - да води евиденција.

5. Исфрлете ги работите кои што не ви се потребни

Овој човек вели дека порано трошел многу пари, имал два автомобили и спортски мотор, но се ослободил од сето тоа. Тој вели дека денес со својата сопруга живее скромно, но дека се среќни. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk