Лоши вести за гејмерите: Се одлага премиерата на PlayStation 5, игрите ќе бидат поскапи...

Точка

02/06/2020

16:29

2.125

Големина на фонт

а а а

Премиерата на новиот PlayStation 5 која беше закажана за 4-ти јуни е одложена, а пристигнуваат и лоши вести во врска со цената на игрите за оваа конзола.

Повеќемесечното чекање на премиерата на PlayStation 5 и игрите на конзолата требаше да заврши на крајот од оваа седмица, но тоа нема да се случи затоа што од Sony одлучија да го одложат настанот.

Јапонската компанија донесе ваква одлука поради актуелните протести и нереди во Соединетите Американски Држави кои избија после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен за време на апсење од страна на полицијата.

Во официјалното соопштение, од Sony објавија дека моментално поважно е да се слушнат поважните гласови, отколку да се најавуваат нови игри.

Од друга страна, директорот Џим Рајан во интервјуто за GIBiz откри дека продукцијата на игрите со нова технологија која ќе понуди префинето гејминг искуство ќе стане поскапа. Ова значи дека во реализацијата на новите игри за PlayStation 5 ќе биде потребно да се вложат повеќе пари во споредба со актуелната генерација.

Според него, високата цена за продукцијата на игрите значи и поквалитетен финален производ. Колкаво ќе биде зголемувањето на цените засега не е откриено, но ова во секој случај не е добра вест за фановите на PlayStation.



Спонзорирани линкови

Маркетинг