Кога еднаш ќе извлечат нож, острицата мора да почувствува крв! Тие се синови на Хималаите, најопасните специјалци на светот

Точка

02/06/2020

20:33

7.608

Големина на фонт

а а а

Со просечна висина од 160 центиметри, секој наивен ќе помисли дека Гурка војникот е непријател кој лесно може да се совлада. Но, секој што ги сретнал трупите чие мото е "подобро да умрам отколку да бидам кукавица" во борба, знае дека нивната големина не значи апсолутно ништо.

Гурките, кои уште се нарекуваат и британски доброволци како и синови на Хималаите, како воена единица имаат заштитен знак - ножот кукри. Се регрутираат на Хималаите, и според сите воени експерти тие се една од најдобрите пешадии на светот, а името го преземале од првобитното име на владејачката династија на Непал. 

Со Британците кои ја колонизирале Индија се бореле во 1813-та и 1816-та година и им нанеле големи загуби, а веќе тогаш стекнале голема почит од своите противници. Откако Британците на крајот завладеале со Индија, Гурките ги примиле во своите редови и основале три тактички воени единици па како такви учествувале во Првата и Втората светска војна, борејќи се и во Европа, но и во Северна Африка, во џунглите на Малезија и Бурма, на Сицилија....

По крајот на британската власт во Индија во 1974-та година, шесте преостанати полкови на Гурките и припаднале на Индија, додека четири и припаднале на Велика Британија. Посебен успех Гурките оствариле на Фолкландските острови, а според усното предание во војната во која учествувале Гурките немало заробеници, а иако не е потврдено, постојат и приказни за наводен канибализам над нивните противници. Гурките се борат и денес во разни делови од светот, како Ирак и Авганистан.

Речиси 28.000 кандидати секоја година меѓусебно се натпреваруваат за само 200 места кои ги имаат Гурките во Британската војска. За воопшто да се дојде до статус на кандидат, мажите мора да бидат примерни во одредите за регрутација кои се движат во Непал, а за секој кандидат кој доаѓа и ги минува квалификациите и обуката, регрутите добиваат награда. Кандидатот мора да има најмалку 17 години, а тестирањето вклучува трчање точно 5 километри по подножјето на Хималаите, носејќи 25 килограми камења во ранец на грбот - за помалку од 55 минути.

Откако еднаш ќе го извлечат својот кукри нож, закривената острица според традицијата мора да почувствува крв, па ако со неа не повредат непријател, Гурките се сечат сами. Неодамнешен пример за почест кој го добиле Гурките е наградата за храброст на наредникот Дипрасад Пуну, кој како осамен стражар на контролна точка во Авганистан во 2010-та година сам одбил напад на 30 талибански војници.

"Околу мене имаше група Талибани, па бев уверен дека ќе ме убијат. Пред тоа да се случи, бев одлучен да убијам барем некој од нив", изјавил Пуну, кој во текот на 15-минутната борба испукал повеќе од 400 куршуми, детонирал 17 гранати и мини. Во тој напад воопшто не бил ни ранет.

Откако ќе стапат во редовите на британската војска, Гурките по секој тригодишен воен рок во Непал минуваат три месеци. Во својата служба мора да достигнат чин на командири, повеќето се подофицери во Гурка единиците. Ако за 15 години Гурка војникот не добие чин наредник, тој самиот поради чест се повлекува од службата. Поради нивната воинственост и чест, во главно се ангажираат за најтешките задачи ширум светот, а делуваат и во рамките на НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг