Алексеј Пушков е познат како човек кој ужива голема доверба од Владимир Путин.
САД почнаа да се распаѓаат, напишал на Твитер членот на Советот на Федерацијата на Русија, Алексеј Пушков.
Алексеј Пушков на својот профил на Твитер објавил недвосмислен став кој е поврзан со актуелните случувања во САД.
Човекот кој ужива неограничена доверба од рускиот претседател, заклучил дека Соединетите Американски Држави - се распаѓаат:
США начинают сыпаться. Это видно в Сирии и Афганистане, по катастрофе с Ковид-19 в самих США, по неспособности помочь европ. союзникам в пик пандемии, по истеричным, но невнятным обвинениям в адрес Китая, по расовому бунту, по внутреннему расколу. США вступили во время сумятицы.
— Алексей Пушков (@Alexey_Pushkov) June 1, 2020
"САД почнаа да се распаѓаат. Тоа се гледа во Сирија и во Авганистан, во катастрофата со коронавирусот, по неспособноста да им помогнат на европските сојузници во пикот на пандемијата, по обвиненијата на сметка на Кина, по расниот бунт и внатрешниот раскол", рекол сенаторот.
Според неговите зборови, САД се нашле во вртоглав хаос.