Книгата го откри најсочниот детаљ — Тајсон влетал во канцеларијата на Трамп: „Спиеш со мојата сопруга...?“

Супермен

03/06/2020

11:45

5.160

Големина на фонт

а а а

Ова не е првпат Мајк Тајсон да го поставува истото прашање. Легендарниот боксер не престанува да ги полни медиумите, а овојпат не е тој виновен туку книгата „Trump Nation“.

Имено, Тим О'Брајан во својата книга открива дека славниот боксер некогаш сакал да влета во канцеларијата на Доналд Трамп, затоа што мислел дека неговата сопруга го изневерува со тогашниот бизнисмен.

Многумина не знаат дека Трамп бил финансиски советник на Тајсон, а дури ја финансирал и борбата против Мајкл Спинкс во 1988-та година, а пред сè Тајсон мисли дека Робин Гивенс, неговата сопруга го изневерувала со сегашниот претседател на Америка.

„Влетал во канцеларијата и викал: „Спиеш ли со мојата сопруга?“ Се стаписав од страв, мислев дека ќе бидам мртов затоа што против него никој немаше шанси. Тоа е светски шампион и има убиствено ''оружје'' во своите раце“ - изјавил Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk