Кинезите сите ги напаѓаат, а тие жестоко се бранат: Тоа е лага, не криевме ништо за коронавирусот

Точка

03/06/2020

14:23

1.721

Големина на фонт

а а а

Официјален Пекинг во средата порача дека новинските извештаи кои тврдат дека Кина задоцнето ги споделила информациите за коронавирусот со СЗО целосно се невистинити.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџиан одговори на тврдењата на бројни медиуми според кои првите луѓе на Светската здравствена организација биле фрустрирани од одложеното споделување на информации во текот на првата фаза од епидемијата.

Според објавените снимки од интерните состаноци во Светската здравствена организација, првите луѓе на СЗО се жалат за тоа дека од Кина едвај ги добиле потребните информации на почетокот на пандемијата, иако јавно СЗО ги пофали властите од Пекинг.

Снимките од состанокот откриваат дека првите луѓе на СЗО се жалат дека Пекинг не ги споделува со остатокот од светот податоците кои се потребни за да се процени реалниот ризик од Ковид-19 и практично поради тоа остатокот од светот не се подготвил навремено за вистински одговор.


Поради ова реагираше и портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи кои ги отфрли тврдењата на медиумите и ги окарактеризира како целосно невистинити.

Да потсетиме, Кина на 20-ти јануари призна дека коронавирусот е заразен, а СЗО на 30-ти јануари Ковид-19 го прогласи за глобална опасност. Според експертите, тогаш веќе било предоцна, со оглед на тоа што првите пациенти со „мистериозната болест“ во Вухан започнале да пристигнуваат во болниците кон крајот на декември минатата година.

Досега речиси 6,4 милиони луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот, а како последица на вирусот починаа над 380 илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг