Инфлуенсерката се разголела целосно: Фотографиите од нејзиното тело ја откриваат разликата помеѓу Инстаграм и реалноста

Точка

03/06/2020

14:15

5.106

Големина на фонт

а а а

Таа сака да им покаже на сите жени во светот дека совршенството не постои. Чеси Кинг има 26 години и важи за една од најубавите инфлуенсерки која што освен што има познавање во модата, има и феноменално тело со раскошни облини.

Сепак, убавата Британка решила да докаже дека совшенството не посоти, па на социјалните мрежи често го претставува ''лажниот свет''.  

Блогерката и инфлуенсерка Чеси Кинг, има над 800 илјади следбеници, а големата популарност ја достигнала благодарение на подготвеноста да го покаже тоа што многу од дамите го кријат - целулит, стрии, вишок килограми, масни наслаги...

Таа иако се котира високо на листата на најубави дами во Велика Британија и многу од мажите не можат да ѝ одолеат, сепак има недостатоци на своето тело.

Оваа млада жена решила да се разголи да покаже колку една добра поза, заедно со осветлувањето и добра камера на телефонот можат да ви помогнат да изгледате совршено.

Чеси го разбила митот за совршенство, па облекла бикини, а потоа спонтано се фотографирала.

Таа постојано се забавувала правејќи серија од природни фотографии.

26-годишната девојка раскажала дека некогаш претходно сакала да стане манекенка, но модните агенти ѝ кажале дека е крупна и дека мора да ослабне.

За среќа, блогерката одлучила да ја отфрли идејата, па почнала да се занимава со фитнес и редовно да објавува фотографии и видео-снимки на социјалните мрежи покажувајќи како вежба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг