Чудо од дете на кое му се воодушевуваат и Ѓоковиќ и Меси: Има само 6 години, а со топката знае баш сè

Супермен

03/06/2020

15:43

3.189

Големина на фонт

а а а

6-годишниот Арат Хосеини од Иран, благодарение на своите неверојатни физички способности стана голема ѕвезда на Инстаграм.

Има само 6 години и повеќе од 4 милиони следбеници на оваа популарна социјална мрежа. Ова симпатично дете секојдневно воодушевува со своите неверојатни фудбалски потези и физичките предиспозиции.

Иранското чудо од дете е одличен фудбалер и експерт за гимнастика. Верувале или не, неговиот татко Мухамед започнал да го тренира уште пред да прооди. Имал само 9 месеци кога почнал да се занимава со гимнастика, а од 2 години почнал да се појавува во бројни публикации. Меѓутоа, тоа било само почетокот – кога пред неколку години се појави едно видео на социјалните мрежи на кое Арат изведува тешки вежби, тој стана вистинска ѕвезда.

Подоцна го открил и фудбалот и веројатно е најталентираното 6-годишно момче на светот. На неговите фудбалски вештини се воодушевуваат бројни фудбалски асови, помеѓу кои и неговиот идол Лионел Меси.

Она што најмногу ги интригира фановите е телото на Хосеини. Бидејќи постојано тренира од својата прва година, момчето е во перфектна форма, а неговите стомачни мускули се импресивни.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна го изразил своето воодушевување кон ова младо момче – тој снимил симпатична видео порака за Арат.

“Ги гледам твоите видеа со мојот син Стефан, кој е една година помлад од тебе. Ти си негова инспирација. Неверојатен си, феноменален. Ти си најсилното 6-годишно момче кое некогаш сум го видел”, му порачал Новак.

Арат моментално се наоѓа во Англија каде моментално тренира во клупската академија на Ливерпул и сонува дека еден ден ќе заигра за својот омилен клуб – Барселона.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk