Британскиот премиер Борис Џонсон денес го оценил како скандалозно убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на бруталното апсење во Минеаполис, повикувајќи ги демонстрантите да протестираат на законски и разумен начин, пред собирите најавени во Лондон.
"Мислам дека тоа што се случи во САД е скандалозно и неопростиво...Сите го видевме тоа на нашите екрани и разбирам што луѓето го искористија своето право на протест. Исто така верувам дека демонстрациите мора да се одвиваат на законски и разумен начин", изјавил Џонсон во парламентот.
Смртта на Џорџ Флојд предизвикала протести и бран на насилства во градовите низ САД и други држави.
Thousands of people gather in Hyde Park in central London for a Black Lives Matter rally in solidarity with US protests against the death of unarmed African-American George Floydhttps://t.co/MIyUBSMbVs pic.twitter.com/itAuCqNYhl
— BBC News (UK) (@BBCNews) June 3, 2020
Флојд починал на 25-ти мај во текот на бруталното апсење во Минеаполис, кога полицаецот Дерек Човин, кој сега е обвинет за убиство, клечел на вратот на починатиот речиси 9 минути.
Демонстрации се најавени денес во лондонски Хајд Парк, додека едно здружение за борба против расизмот повикало демонстрантите да клекнат пред своите домови, со придржување кон правилата за физичка дистанца поради пандемијата на короанвирусот.
Најмалку 23 лица биле уапсени во неделата на демонстрациите пред Американската Амбасада во Лондон.