Не се предавал ни кога го уништувала суровата болест: Неверојатна приказна за најконтроверзната личност во историјата на спортот

Супермен

03/06/2020

18:55

2.804

Големина на фонт

а а а

На денешен ден во 2016 година почина еден од најголемите спортисти на 20-тиот век, легендарниот боксер Мухамед Али.

Мухамед Али, еден од најголемите спортисти на сите времиња, иако за него не може да се зборува само во спортски рамки е дефинитивно најконтроверзната личност во историјата на спортот. 

Али е роден на 17 јануари 1942 година во американскиот град Луисвил, како Касиус Клеј, а го променил името во Мухамед Али по прифаќањето на исламот во 1964 година.


Легендарниот боксер ќе остане запаметен како веројатно најдобриот на сите времиња, а неговиот подем започна со освојување на златниот медал на Олимписките игри во 1960 година во Рим. Четири години подоцна за првпат стана првак во светот во тешка категорија, победувајќи го Сони Листон на само 22 години, во шест рунди и со технички нокаут.

Тоа беше еден од најконтроверзните нокаути во историјата на боксот. Многумина јавно говореа дека борбата била наместена и ретко кој можел да верува дека Али со краток удар на десната рака можел да нокаутира шампион како што е Сони.

Неколку години по мечот, Листон му признал на еден новинар дека не ни бил удрен кога паднал на тој меч, но не сакал да стане бидејќи, како што кажал, “Али бил луд”, а и се плашел од муслиманите кои во тоа време добивале моќ во Америка.

Во следните неколку години, Али го достигна врвот во својата кариера, бранејќи ја титулата дури 9 пати, а пресвртот бил неговото одбивање да војува во Виетнам од религиски причини, поради што ја изгубил титулата.


На Мухамед Али во 1984 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, но неговата борбеност не му дозволувала и тогаш да се предаде. Во текот на децениските борби со опасната болест и загубата на говорот, ја совладал комуникацијата со раце, прсти, гестикулации... Блиски луѓе до него велат дека таквиот вид на комуникација го довел речиси до совршенство.

Еден од најголемите спортисти на 20-тиот век почина на 74-годишна возраст. Некогашниот повеќекратен светски шампион почина во болница во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, во која бил примен поради респираторни проблеми како последица на болеста од која боледувал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk