Сонуваме за џекпот: “Ѕирнете” во вилата на Сандра Булок со поглед кон песочна плажа

Точка

03/06/2020

20:31

4.529

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас можат само да фантазираат за вилите во кои живеат холивудските ѕвезди, но животот е непредвидлив. Кој знае – можеби еден ќе се разбудиме во огромен кревет во куќа со 7 спални соби, со поглед кон песочна плажа... Токму таква вила поседува славната актерка Сандра Булок која сега одлучила да ја продаде.

Имотот на Сандра Булок на кој се наоѓаат две куќи го купила во 2001 година за 4,5 милиони долари, а сега го продава за 6,5 милиони долари. Величенственото здание се наоѓа на островот Тајби, гратче во близина на Савана во американската држава Џорџија, познато по широките песочни плажи. 


И вилите на Сандра Булок имаат поглед кон песочната плажа и океанот, што ги прави уште попримамливи за купувачите. Во поседот спаѓа и дел од плажата долг 60 метри. Поголемата резиденција опфаќа нешто повеќе од 300, а помалата 264 квадратни метри.

Во двете куќи вкупно има 7 спални соби и 5 купатила.


Ентериерот е уреден во многу удобен, релаксирачки стил со светли бои и со изобилство на природни материјали. Во едната спална соба се поставени завеси околу креветот во облик на балдахин, кои овозможуваат поголема приватност и уште поквалитетен сон. На прв поглед мами и големата тераса на која се наоѓаат плетени наслони, каучи и висечка лежалка. А да не зборуваме за базенот со тиркизна боја кој се наоѓа пред една од вилите...


Можеби немаме 6,5 милиони за да го купиме овој имот, но секогаш можеме да фантазираме или да играме лотарија и да се надеваме дека токму ние ќе имаме среќна рака...



Спонзорирани линкови

Маркетинг