Резултати од нова аутопсија: Флојд починал од застој на срцето, а бил заразен и со коронавирус

Точка

04/06/2020

08:33

4.478

Големина на фонт

а а а

Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од застој на срцето, стои во заклучокот на патологот на округот Хенепин после завршната аутопсија спроведена над телото на Афроамериканецот.

Флојд почина при апсење од страна на полицијата во Минеаполис, по што, сега веќе поранешниот полицаец Дерек Шовин е обвинет за убиство, додека тројца негови колеги се обвинети за соучешништво.

Во последниот извештај на доктор Ендру Бакер стои дека вратот на Флојд бил притиснат кога полицаецот Шовин со колено застанал врз него и така го држел повеќе од осум минути. Но, во заклучокот не е наведено дека задушувањето е причина за смртта.


Според последната аутопсија, Флојд имал бројни модринки и посекотини на главата, лицето, устата, рамењата, рацете и нозете, но не постои доказ дека било која од тие повреди е смртоносна.

Инаку, пред оваа аутопсија, семејството на Флојд финансираше независна аутопсија во која како причина за смртта е наведено „задушување од долг притисок“.

Но, во завршната аутопсија на Бакер, наведено е дека Флојд имал проблеми со срцето, дека пател од висок притисок и бил позитивен на коронавирусот, иако за тоа нема индикација дека вирусот имал било каква улога во неговата смрт.

Иницијалниот токсиколошки извештај покажал дека во телото на Флојд има присуство на одредена количина на фентанил и метамфетамин, односно дека бил под дејство на опојни дроги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг