Тренерот на Ливерпул се венчал со келнерка од „Бирфест“: Атрактивната русокоса го уништила Манчестер Јунајтед, а Германецот...

Супермен

04/06/2020

09:31

3.665

Големина на фонт

а а а

Иако доаѓањето на Јирген Клоп на „Енфилд роуд“ означено е како важен фактор во големата промена во Ливерпул, како и создавање на моќен тим, во тоа имала влијание и сопругата на германскиот тренер.

Токму Ула Клоп е најзначајната личност која што влијаела во потпишувањето на договорот на Јирген со Ливерпул, каде што ќе остане најдоцна до 2024-та година.

Тоа поради што навивачите на Ливерпул дополнително ѝ се благодарни е тоа што таа одиграла клучна улога во 2015-та година кога Клоп требало да го преземе Mанчестер Јунајтед.

Таа приказна ја открил поранешниот дефанзивец на тимот Фил Томпсон, гостувајќи во норвешката телевизија „TV2“.


Германецот му кажал на Томпсон дека има потпишано договор со Манчестер Јунајтед, но дека Ула му порачала дека тоа не е вистински потег, па Јирген се откажал.

Без сомнеж, покрај Јирген во Ливерпул ќе остане запаметена и неговата сопруга Ула. Кога германскиот тренер ја освоил Лигата на шампиони со Ливерпул, прво што изјавил било:

„Успеавме Ула!“, а таа го чекала на маса со луѓето од Ливерпул.

Која е Ула?

Јирген се венчал со Ула во декември 2005-та година, а се запознале во Минхен. Ни помалку, ни повеќе тоа било на Октоберфест, каде што Ула работела како келнерка.

Тоа била втората работа на Ула, зата што сама го одгледувала својот син и исто така работела и како детски психолог.

Таа се заљубила во Јирген и така започнала нивната приказна, исто така напишала и фантастичен роман „Том и магичниот фудбал“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk