Откриена најстарата градба на древните Маи: Вакво нешто светот не видел – сред џунгла, користена за бизарни ритуали

Точка

04/06/2020

21:19

9.168

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот истражувачки тим ја открил потенцијално најстарата и најголема градба која што древните Маи ја изградиле во џунгла на југоистокот од Мексико.

Објектот кој што потсетува на вештачка висорамнина, а за кој што се верува дека е изграден во околу 1000-та година пред нашата ера, долг е околу 1.400 метри и широк 400 метри, а висок околу 10 до 15 метри.

Истиот го открил тимот научници кој што бил предводен од археолози од Универзитетот во Аризона, пренесуваат од „AP“ повикувајќи се од британското научно списание „Nature“.


Висорамнината за која што се верува дека се користела за ритуали, откриена била преку ласерско скенирање помеѓу 2018-та и 2020-та година по што следеле ископувањата.

Археолозите ја сместуваат изградбата на овој пронајдок во околу 800-та година и 1000-та година пред нашата ера, наведувајќи дека тоа е најстарата монументална градба која што некогаш била пронајдена на териториите на Маите и најголема целокупна предлатино историска во регионот.


Цивилизацијата на Маите, позната по софистицираниот систем на пишување, како и математичките и астрономски откритија, ''процветала'' во околу 1000-та година пред нашата ера во Мезоамерика, вклучувајќи ја денешна Гватемала и делови на Мексико, но нејзиното потекло останува мистерија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг