Ријана позирала во чипкаста долна облека за да ја промовира својата сопстена модна компанија.
Американската пејачка Ријана, баш како и своите многубројни славни колеги, се впуштила во водите на модата па одлучила да проба да биде модна дизајнерка.
Нејзината најнова колекција од брендот „SavageX Fenty“, вклучува сексапилна долна облека, а во улогата на модел кој што ги рекламира се нашла самата таа, па така настанале нејзините најсексапилни фотографии.
Ријана позирала во жолта долна облека и совршено го истакнала своето сексапилно тело извајана линија, па ги открила и тетоважите со кои што го украсила своето тело.
Својот моден бренд таа го лансирала во 2018-та година, а освен за жени таа креира долна облека и за мажи.
По 2005-та година Ријана стана една од најпродаваните светски музичарки. Меѓутоа двократната добитничка на Греми наградите во текот на својата 15-годишна кариера се соочила и со многу критики.
Неодамна открила дека на почетокот на кариерата ја нарекувале ''инстант пејачка'' која што нема некои посебни вокални способности.
По повод 15-годишницата од излегувањето на синглот „Pon de Replay“, Ријана и нејзиниот продуцент Еван Роџерс за тоа зборувале во интервју за „Valture“.