Филипче потврди: Денеска рекорден пик, 120 новозаболени и 2-ца починати од коронавирус во земјава

Точка

04/06/2020

13:01

5.667

Големина на фонт

а а а

Во последново деноноќие, регистрирани се 120 новозаболени од Ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања и тоа:

– Скопје 67
– Куманово 19 
– Штип 16 
– Прилеп 4 
– Тетово 9 
– Велес 2 
– Гостивар 1 
– Неготино 1 
– Струмица 1 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28-ми мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1-ви јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

– Скопје 8
– Штип 3 
– Прилеп 2 
– Тетово 1 
– Велес 1 
– Битола 1 

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 843.



Спонзорирани линкови

Маркетинг