Сменете само една работа и батеријата на вашиот мобилен телефон ќе ви трае подолго – сетете се на ова додека го полните вашиот уред

Супермен

04/06/2020

13:30

7.785

Големина на фонт

а а а

Животот на батериите воглавно се состои од 500 полни циклуси. Сите поминуваме многу време на нашите телефони, а тоа секако дека доведува до претерано трошење на нивната батерија.

По некое време таа слабее и поспоро се полни. Сепак, постои начин да го продолжиме нејзиниот животен век, пишуваат од „Reader's Digest“.

„Животот на батеријата воглавно се состои од 500 полни циклуси, односно од околу една и пол година. Циклусот на батеријата се мери со едно полно полнење од 0 до 100 отсто.

Значи, колку повеќе полни циклуси ќе помине вашиот телефон, порано ќе мора да го замените со нов“ - тврди Лиз Хамилтон, директорот на Одделението за корисници и купувачи во компанијата „Mobile Clinic“, која што се занимава со поправање на мобилни телефони.

Постои една метода за полнење на батеријата на телефонот со која што нејзиниот век ќе трае повеќе.


Имено, мобилните телефони треба да се полнат само делумно за да го успорите празнењето на батеријата. Идеално би било секогаш батеријата да биде полна измеѓу 25 и 85 отсто, тврди Хамилтон.

„На вашата батерија најмногу ѝ штети доколку ја наполните до крај, односно 100 отсто. Многу од луѓето тоа го прават, а не се свесни дека тоа е лошо за нивниот уред. Исто така треба да се внимава батеријата да не се испразни целосно, односно 0 отсто“.

Доколку батеријата ја полните до крај тогаш треба веднаш да го извадите телефонот од полнач.

Уште еден совет е да ја намалите светлината на вашиот екран и да исклучите некои алатки кои што не ги користите, како на пример локација, некои апликации за известување...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk